Дома Фудбал Лапорта со апел до навивачите: Мора да бидеме обединети!

Лапорта со апел до навивачите: Мора да бидеме обединети!

Претседателот на Барселона ,  Жоан Лапорта не го криеше разочарувањето од испаѓањето на тимот од Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона за прв пат по 21 година не успеа да ја мине групната фаза во Лигата на шампионите и напролет ќе го продолжи учеството во Лигата на Европа.

Она што е уште поразораувачки е што Барселона синоќа воопшто не можеше да му парира на Баерн Минхен и беше поразена со 3:0.

„Сега повеќе од кога било потребно ни е да бидеме обединети. Апелирам до навивачите на Барселона. Во овој момент, важно е да одиме заедно во една насока и сите заедно да се обидеме да ја надминеме тешката ситуација. Играчите направија се што беше можно, и повеќе од тоа. Многу сме тажни, но мораме да гледаме напред и да продолжиме да работиме за да ја промениме сложената спортска и економска ситуација во која се наоѓаме“, изјави Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спектакл во Мадрид: Реал тргна по најголемиот клупски трансфер во историјата!

Големи вести пристигнуваат вечерва од Мадрид. Реал тргна по ѕвездата на Челси, Енцо Фернан…