Барселона синоќа беше елиминирана од Лигата на шампиони, а Чави призна дека тоа е реалност за Каталонците во моментов.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Чави спрема голема ревулуција во тимот и веќе отпишал неколку фудбалери, а некои од нив ќе заминат уште во јануари.
Шпанските медиуми пренесува дека Чави му рекол на претседателот на клубот Лапорта дека не смета на Умтити, Ленгле, Нето, Кутињо, Лук де Јонг и Брајтвајт и дека тие би можеле да го напуштат клубот веќе во јануари.




Тоа значи дека Барселона во следните два преодни рока ќе мора да биде многу активна на трансфер пазарот и да донесе адекватни засилувања.




Притоа, Чави сака да бидат донесени замени за Жерер Пике и Жорди Алба, кои нема да бидат продадени, но најверојатно нема да бидат стартери.