Дома Топ вести „Бомба“: Вајналдум се сели во Арсенал

„Бомба“: Вајналдум се сели во Арсенал

Жоржињо Вајналдум ова лето како слободен играч го напушти Ливерпул и потпиша за ПСЖ, но неодамна потврди дека тоа било грешка.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вајналдум имаше неколку понуди и во игра беше и Барселона, но на крајот се одличи за ПСЖ, а после само шест месеци може да се врати во Премиер лигата.

Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал е силно заинтересиран за Холанѓанецот, а ПСЖ е спремен да го пушти на позајмица.

Артета смета дека Вајналдум одлично би се вклопил во неговиот стил на игра, а „топџиите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Холанѓанецот не добива голема минутажа во Париз, самиот призна дека не е среќен и веќе ја прифатил понудата на Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…