Дома Останати Тенис Организаторот потврди: Ѓоковиќ ќе игра на Австралија Опен!

Организаторот потврди: Ѓоковиќ ќе игра на Австралија Опен!

До стартот на Австралија Опен остана уште неколку недели, а главната дилема беше дали Новак Ѓоковиќ ќе настапи и ќе се бори за 10. титула на првиот Грен Слем во сезоната.

Организаторот на турнирот го објави списокот на тенисери и на него беше името на Ѓоковиќ. Дилемата се појави поради ковид-протоколите во државата Викторија во Мелбурн.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Сите кои ќе дојдат во Австралија ќе мора да ги почитуваат правилата, да прикажат доказ за вакцини или медицинска потврда која ја имаат одобрено медицинските лица во земјата. За оние кои ќе дојдат од странство задолжителен ќе биде карантин од 14 дена“, стои во соопштението од организаторот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

На Вимблдон се прекина меч при сервис за победа: Погледнете ја реакцијата на 10-тиот тенисер во светот (Видео)

Натпреварот од второто коло на Вимблдон помеѓу десеттиот тенисер на светот Бен Шелтон и Ри…