Дома Македонски спорт Милан Ристовски: Сонувам да заиграм за Јувентус, немаме страв од Италија!

Милан Ристовски: Сонувам да заиграм за Јувентус, немаме страв од Италија!

Maкедонскиот напаѓач Милан Ристовски пред бараж пресметката со Италија имаше интервју за „Калчомеркато“.

Македонија како што е познато доби тежок пат за до Светското првенство во Катар, прво треба да ја победиме Италија на гости, а потоа да играме на гостински терен со подобриот од Португалија и Турција. Сепак напаѓачот кој добиваше шанса во последните мечеви кај Благоја Милевски, Милан Ристовски најави дека Македонија нема да се откаже.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ќе играме против европскиот шампион, нормално ако имав можност да бирам не би ја избрал Италија. Сепак имаме можност да го покажеме квалитетот и нашиот тимски дух. Натпреварот го чекам со нетрпение. Подготвени сме да се бориме. Немаме страв, ќе го анализираме противникот и ќе направиме се за да победиме“.

Ристовски призна дека во деството навивал за Јувентус и сонува да го облече дресот на „старата дама“.

„Ја почитувам Серија А. Од детството навивам за Јувентус и сонувам еден ден да заиграм таму“, изјави Ристовски.

Целото интервју на Ристовски – тука.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…