На Јувентус не му оди баш најдобро оваа сезона, па се најавуваат промени.
Иако се уште не е одиграна ниту половина од сезоната во Серија А, Јувентус веќе е далеку од освојувањето на Скудетото. И самиот Алегри неодамна посочи дека главна цел на Јувентус сезонава ќе биде да се избори место во топ 4.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Кориере Дела Сара“ во своето саботно издание пишува дека Алегри веќе има листа на играчи на кои нема намера да смета. Целта ќе биде со продажбата на „вишокот“ да се растерети буџетот и да се соберат средства за да се вложат во нови играчи.
Според информациите отпишани се: Дејан Кулушевски, Адриен Рабио, Арон Рамзи и Артру Мело. Фудбалери кои не се вклопуваат во системот на Алегри. Рамзи и Артур практично и не играат, додека Рабио добива прилика првенствено поради слабата конкуренција. И Кулушевски кој беше платен 35 милиони евра не го оправда вложеното и почна да игра благодарение на повредата на Киеза.
Јувентус во овој момент заостанува цели 12 бодови зад првото место на табелата.