Дома Фудбал Останато УЕФА поради високите резултати ќе го менува системот квалификации во женскиот фудбал

УЕФА поради високите резултати ќе го менува системот квалификации во женскиот фудбал

Неверојатните резултати на годинешните квалификации за СП 2022 во женска конкуренција меѓу кои беше и победата на Англија со Летонија од 20:0, а тука беа и поразите на Македонија од Северна Ирска со 0:11 и 9:0 ја натераа УЕФА да размислува за промена.

Во последните три месеци дури 29 натпревари завршиле со седум или повеќе голови разлика и тоа само ја потврува големата разлика во квалитет помеѓу селекциите.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Нормално дека никој не сака да гледа такви резултати. Тие резултати не се добри за женскиот фудбал, како и за помалите така и за поголемите селекции. Сигурно ќе го смениме системот квалификации во 2023 година“, изјави Надин Каслер која е задолжена за женскиот фудбал во УЕФА.

Во шесте натпревари во квалификациите Македонија има една победа и пет порази со гол разлика од 6-38.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…