Барселона денес објави дека и официјално тргнува во голема реконструкција на „Камп Ноу“ и дека започнува нова фаза во историјата на клубот.
Генералниот директор на клубот Феран Реверетер изјави дека клубот ќе подигне кредит од милијарда ипол евра кој ќе го потроши на реновирање на „Камп Ноу“. Кредитот клубот ќе го подигне на 35 години со поволна каматна стапка. Барселона одлучи и да го продаде името на „Камп Ноу“, веќе и се преговара со неколку заинтересирани спонзори.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тој потег на Барселона ќе и донесе 48 милиони евра годишно, а договорот би бил потпишан на десет или 20 години. Работата на „Камп Ноу“ ќе започне следната сезона и Барселона на својот стадион. Реверетер изјави дека клбубот пред почетокот на сезоната 2023/2024 ќе треба да пронајде нов стадион на кој ќе ги игра натпреварите до завршувањето на реконструкцијата.