Дома Фудбал Евра: Зошто Менди не беше прогласен за најдобар голман?

Евра: Зошто Менди не беше прогласен за најдобар голман?

Откако се одржа изборот на „Златна топка“ се крена голема прашина во јавноста. Најмногу се коментира главната награда која заврши во рацете на Меси, меѓутоа тука се и уште некои награди.

Во јавноста се огласи и Патрис Евра кој не е задоволен затоа што наградата за најдобар голман ја освои Џанлуиџи Донарума место Едуард Менди.

„Зошто Едуард Менди не е најдобар голман? Да ние сме мајмуни, никој не го почитува Афричкиот Куп. Ние сме единствени што треба да го напуштиме првенството три недели за да играме за репрезентацијата. Таквата ситуација треба да се смени“, порача Евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Галијани влегува во игра за врвот на ФИГЦ, Малаго брои 13 сојузници

Дел од клубовите во Серија А го разгледуваат Адријано Галијани како кандидат за прв човек …