Барселона го победи Виљареал (1:3), а Унаи Емери беше лут на судиските одлуки, па одби да се поздрави со Чави на крајот на мечот.
Домаќините пропуштија повеќе добри шанси, а бесни се и на неколку судиски одлуки, особено на играта со рака на Пике во казнетиот простор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По последниот судиски свиреж Емери избега кон соблекувалната и одби да се поздрави со тренерот на Каталонците, а тоа го налути Чави.
Каталонски „Спорт“ открива дека тоа довело до голема вербална расправија помеѓу двајцата тренери во тунелот, па полицијата интервенирала да не дојде до физичка пресметка.