Дома Останати Таткото на Ѓоковиќ: Новак е уценет, нема да игра на Австралија Опен

Таткото на Ѓоковиќ: Новак е уценет, нема да игра на Австралија Опен

Таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан откри дека постои голема можност најдобриот тенисер на светот да не настапи на Австралија Опен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што е познато, само вакцинирани тенисери ќе може да настапат на првиот Грен слем годинава во Австралија.

Неговиот настап е под знак прашалник бидејќи српскиот тенисер се уште не открил дали е вакциниран или планира да го направи тоа.

„Дали тоа ќе се случи? Под вакви уцени, на овој начин како што е спроведено, веројатно Новак нема да игра во Мелбурн. Јас тоа не би го направил, а Новак е мој син и ви оставам на вас за заклучите“, изјави Срѓан Ѓоковиќ.

„Дали Новак е вакциниран е негово право и интима Дали ќе го обзнани тоа? Мислам дека нема. Ни јас не ја знам таа одлука. Тој има право да одлучува како сака. Под овие уцени и услови, веројатно нема да настапи“, додаде таткото на Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ откри зошто неговите деца уште немаат телефони

Седумкратниот шампион на Вимблдон пристигна во Лондон, седна пред исполнетата конференциск…