Швајцарија во драматична завршница во групната фаза успеа да дојде до директен пласман на Светското првенство. Швајцарците дојдоа до убедлива победа против Бугарија, додека Италија не успеа да слави против Северна Ирска во последното коло.
Натпреварот помеѓу Италија и Северна Ирска заврши со резултат 0:0 и така актуелниот европски шампион беше испратен во баражот каде што е и еден од можните противници на нашата репрезентација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега Швајцарија им се заблагодари на Италијанците така што испратија 9.3 килограми во Белфаст. На објавеното видео може да се види како селектоорт Мурат Јакин ја пее песната „Sweet Caroline“ која може да се слушне на дуелите на Ирците.
Симболиката на 9.3 килограми е по 100 грама чоколадо за секоја минута во натпреварот против Италија.
This is brilliant! Northern Ireland helped 🇨🇭 to automatic qualification for the World Cup by holding Italy to a 0-0 draw in Belfast. @nati_sfv_asf kept their promise and has sent a very specific amount of chocolate their way! 😉😂
— 𝗙𝗼𝗼𝘁𝗯𝗮𝗹𝗹𝗦𝘄𝗶𝘀𝘀 – Craig King (@FootballSwissEN) November 24, 2021
📹 @nati_sfv_asf pic.twitter.com/Oun7AzS7sx