Дома Трансфер зона Челзи почна преговори со Кулибали

Челзи почна преговори со Кулибали

Челзи спрема понуда за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали во зимскиот преоден рок.

Челзи е во потрага по квалитетен дефанзивец и до последниот ден од трансфер пазарот се обидуваше да го ангажира Жил Кунде од Севиља.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Откако пропадна трансферот на Кунде, „сините“ сега ќе се насочат кон дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали.

30-годишниот Кулибали сака да го напушти Наполи, но ова лето не пристигнаа понуди за него. „Сините“ стапиле во контакт со агентот на Сенегалецот и сакаат што поскоро да постигнат договор и да го реализираат трансферот во јануари.

Меѓутоа, тоа нема да биде воопшто лесно, бидејќи Наполи се противи на продажба на својот најдобар фудбалер на средина од сезоната, особено поради фактот што оваа година се бори за Скудетото во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…