Чави Ернандес откако седна на клупата на Барселона е спремен да направи реконструкција на тимот.




Каталонските медиуми пренесуваат дека Чави дал зелено светло четворица фудбалери можат да го напуштат клубот во јануари.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Изненадување на списокот е младиот талент Рики Пуг, кој ги собра симатиите кај навивачите.




Во средниот ред Бускетс, Де Јонг и Педри се неприкосновени, а шанса ќе добивата уште Гави и Нико Гонзалес, па Пуг е шести избор и може да биде продаден во јануари.
За него има силен интерес од шпански и англиски клубови, па Барселона се надева дека добро ќе заработи од неговата продажба.




Другите играчи на списокот се Кутињо, Умтити и Лук Де Јонг, фудбалери на кои Чави воопшто нема да смета.