Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед ќе се насочи кон Валверде

Манчестер Јунајтед ќе се насочи кон Валверде

Манчестер Јунајтед е во потрага по нов кормилар, а новото тренерско име е Ернесто Валверде, пренесуваат медиумите на Островот.

После отказот на Солскјер се споменуваа многу имиња, Зидан ги одби „црвените ѓаволи“, а ПСЖ го блокира доаѓањето на Покетоно, па „црвените ѓаволи“ сега ќе се насочат кон поранешниот тренер на Барселона.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Валверде од мај 2017 до јануари 2020 година ја тренираше Барселона со која освои две шампионски титули. Претходно беше тренер на Атлетик Билбао и има големо искуство.

Валверде моментално е без ангажман и е спремен да ја прифати понудата на Манчестер Јунајтед. Сепак, не е јасно дали „црвените ѓаволи“ го сакаат како привремена опција до крајот на сезоната или ќе му понудат подолг договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Скандал во Ла Лига: Фудбалерите штрајкуваа, камерата ги игнорираше!

Синоќа беше одигран првиот натпревар од деветтото коло на Примера, каде што Реал Овиедо бе…