Милан му поставил ултиматум на Кеси во следните две месеци да даде конечен одговор за понудата за нов договор, пренесуваат италијанските медиуми.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Времето полека истекува за Милан и ризикот за заминувањето на Франк Кеси како слободен фудбалер се зголемува затоа што не можат да се договорат околу платата.




Договорот на Кеси истекува на крајот на сезоната и двете страни се далеку од договор, па Милан го губи трпението и веќе почна да бара негова замена.
Кеси треба да ја донесе конечната одлука до крајот на годината и доколку одлучи да не стави потпис на нов договор, тогаш „росонерите“ се спремни да го продадат во јануари.