Дома Фудбал Италија Потврдено: Џузепе Роси добива нова шанса, ќе игра во Серија Б!

Потврдено: Џузепе Роси добива нова шанса, ќе игра во Серија Б!

Еден од најмалерозните фудбалери на сите времиња добива нова прилика.

После три недели тренинзи со екипата на СПАЛ Џузепе Роси ќе добие добие договор до 2022 година. Тимот од Ферара во овој момент се наоѓа на 15. позиција на табелата во Серија Б и очигледно му претстои борба за опстанок во која се надеваат дека Роси може да помогне.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Тој е наш голем проект. Минатата недела одигра пријателски натпревар и постигна прекрасен гол. Се чувствува добро, тоа е најважно. Полека ќе биде целосно спремен, Роси може да направи разлика против секоја екипа во лигата, никој во Серија Б ги нема неговите квалитети“, изјави претседателот Џо Такопино.

Џузепе Роси без клуб е од јануари кога го напушти Солт Лејк. Пред тоа играше за Џенова, Фиорентина, Селта, Леванте, Манчестер Јунајтед, Парма…Последниот гол во Европа го постигна пред повеќе од три години.

Италијанецот во фудбалскиот свет еп ознат по тоа што дури четири пати доживуваше тешка повреда на предните вкрстени лигаменти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалерите на Кадиз избегнале голема трагедија!

Фудбалерите на Кадиз избегнале трагедија, експлодирал едниот моторот на авионот со кој лен…