Дома Останати Кошарка Давитков призна: Најслаб натпревар откако ја водам репрезентацијата!

Давитков призна: Најслаб натпревар откако ја водам репрезентацијата!

Кошаркарската репрезентација на Македонија со пораз од Косово стартуваше во претквалификациите за пласман во квалификациите за Светското првенство во 2019 година.

Селекторот Давитков призна дека ова било најскаб меч на репрезентацијата откако е под негово водство.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Беше тежок натпревар. Мислам дека одигравме најслабо откако го преземав кормилото на репрезентацијата. Косово ја имаше контролата уште во првиот период, постигнаа многу поени, најмногу од рекетот каде беа доминантни, па затоа разликата на крајот од првото полувреме беше 20 поени. Знаевме дека Дардан Бериша е оружјето на Косово, тој е вистински лидер и одличен играч. Во вториот дел одигравме многу подобро, но беше тешко да се вратиме од 20 поени негатива во таква атмосфера. Косово имаше непоколеблива поддршка од навивачите. Сè беше совршено во однос на организацијата, безбедносни и други технички делови во овој натпревар“, изјави слекеторот.

До крајот на претквалификацискиот циклус Македонија ќе одигра уште три средби, првата од нив на програмата е в сабота, кога во Скопје ќе гостува Естонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…