Коронавирусот повторно почнува да прави проблеми во фудбалска Европа.
Во Германија поради влошената здравствена состојба беа воведени нови рестрикции, а дури се највува и дека може да биде задолжително вакцинирање за фудбалерите во Бундеслигата и останатите спортисти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неодамна и германскиот селектор Ханси Флик беше разочаран поради позитивните случаи пред квалификациските натпревари, па најави дека размислува во иднина да повикува само вакцинирани фудбалери.
„Се надевам ова повеќе да не се повторува. Да испратиме петмина играчи дома поради коронаворус е нешто што не сакам да го видам повеќе. За мене единствен начин да се справиме со пандемијата е да се вакцинираме. Секој има право да одбие и си сноси одговорност. Ќе процениме во иднина дали невакцинираните ќе добиваат повик во репрезентацијата“, гласеше изјавата на Флик.
Последните лоши вести се дека натпреварот во Лигата на шампионите на шампионите помеѓу Баерн и Барселона кој треба да се игра на 8. декември ќе се игра без навивачи поради најновите рестриктивни мерки.