Aлександар Зверев успеа да се пласира во полуфиналето на завршниот мастерс во Торино откако во два сета го совлада Хуберт Хуркач.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Германецот за нешто повеќе од еден час дојде до сигурна победа од 6:2 и 6:4, со што го обезбеди второто место во црвената група. Ова значи дека во полуфиналето кое на програмата е задутре Зверев ќе се сретне со Новак Ѓоковиќ.
Во второто полуфинале Медведев ќе се соочи со подобриот од Андреј Рубљов и Каспер Руд.