Дома Трансфер зона Раиола и Милан започнаа преговори за Ромањоли

Раиола и Милан започнаа преговори за Ромањоли

Раководството на Милан денес имаше средба со агентот Мино Раиола, а тема на разговор беше новиот договор на Алесио Ромањоли.

Ромањоли влезе во последната година од договорот, а преговорите за негово продолжување беа прекинати од поодамна.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако се очекуваше дефанзивецот сигурно да си замине на крајот на сезоната како слободен агент, сепак двете страни сакаат да продолжат заедно.

Ромањоли на средбата со Малдини му соопштил дека сака да остане на „Сан Сиро“, па „росонерите“ денес го повикаа Раиола да започнат преговори за продолжување на соработката.

Се очекува наскоро 26-годишниот дефанзивец да стави потпис на 4-годишен договор со кој ќе заработува 3,5 милиони евра плус бонуси по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…