Дома Останати Мугуруза испиша историја за шпанскиот тенис

Мугуруза испиша историја за шпанскиот тенис

Шпанската тенисерка Гарбине Мугуруза ја освои титулата на завршниот ВТА мастерс кој се играше во Гвадалахара откако во финалето беше подобра од Естонката Анет Контавеит во два сета.

Благодарение на триумфот во Гвадалахара и освоената десетта титула во кариерата, Гарбине Мугуруза во 2021 година ќе ја заврши како трета тенисерка во светот. 

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ова е историски триумф за Мугуруза бидејќи стана првата шпанска тенисерка која го освоила завршниот ВТА турнир.

„Уште еднаш си покажав на себеси дека можам да бидам најдобра. Можеби не освоив гренслем турнир годинава, но многу сум среќна поради оваа титула“, изјави Мугуруза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ имал понуда која е тешко да се одбие: Никогаш не би го направил тоа!

Најголемиот тенисер на сите времиња, во интервју со Џеј Шети, го сподели своето мислење за…