Дома Македонски спорт Мак баскет Косово ја победи Македонија и испиша историја

Косово ја победи Македонија и испиша историја

Македонската кошаркарска репрезентација доживеа пораз на првиот претквалификациски натпревар за СП 2019 против Косово со резултат 72-68.

Македонија во првото полувреме играше навистина многу лошо и на полувремето од натпреварот Косово имаше плус 20 поени, со што подобрата игра во второто полувреме успеа да ја намали разликата и да се избегне убедливиот пораз од репрезентација која ја доживеа првата победа во својата историја.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Џордан Теодор беше нашиот најдобар стрелец во овој натпревар со постигнати 22 поени, капитенот Стојановски успеа да постигне 17 поени, а најдобар поединец на натпреварот беше домашниот капитен Бериша со 28 постигнати поени.

Во сабота од 20:30 часот, нашите кошаркари ги очекува првиот натпревар на домашен терен во претквалификациски циклус и тоа против репрезентацијата на Естонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…