Дома Топ вести Манчестер Јунајтед најде замена за Погба

Манчестер Јунајтед најде замена за Погба

Манчестер Јунајтед веќе започна да бара замена за Пол Погба бидејќи Французинот влезе во последната година од договорот и засега одбива да ја продолжи соработката.

„Црвените ѓаволи“ ќе направат се за да го задржат Погба на „Олд Трафорд“, но информациите се дека тој одлучил следното лето да ја промени средината како слободен агент.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Раководството веќе почна да бара замена за Французинот, а прва желба е Јури Тиелеманс од Лестер.

24-годишниот белгиски репрезентативец ја игра четвртата сезона во Лестер и е еден од клучните фудбалери во тимот. Тиелеманс има договор на уште две години со „лисиците“, но е спремен за чекор напред во кариерата, па Јунајтед стапил во контакт со неговиот агент.

Притоа, се погласни се шпекулациите дека Брендон Роџерс ќе го замени Солскјер на кормилото, па тренерот сака заедно со себе на „Олд Трафорд“ да го донесе Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи спреми 70 милиони за ѕвездата на Аталанта

Челзи се приклучи во трката за потписот на ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативе…