Дома Трансфер зона Чави размислува за продажба на Де Јонг?

Чави размислува за продажба на Де Јонг?

Чави Ернандез неодамна беше промовиран како нов тренер на Барселона, а неговата главна цел ќе биде да ги воигра младите играчи со цел да ги нападне трофите во Шпанија и Европа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сигурно дека ќе му биде потребно време, но и буџет да го креира тимот по негова желба. Сега медиумите во Каталонија најавуваат дека Барселона би можела да продаде некои од своите највредни играчи со цел да собере средства.

Френки Де Јонг во Барселона дојде пред две сезони и за него Каталонците платија 75 милиони евра. Во клубот се задоволни од тоа што го прикажува, меѓутоа тој е еден од ретките кои можат да ја наполнат касата, а да имаат замени. Наводно Чави смета дека Гави, Педри, Нико Гонзалес и Рики Пуиг можат да го заменат Де Јонг.

Веќе се шпекулира дека Манчестер Сити и Баерн покажале интерес за Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…