Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ имаше проблеми во мечот против Хуберт Хуркач, но на крајот сепак дојде до победа од 2:1 во сетови (3:6, 6:0, 7:6).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Со оваа победа Ѓоковиќ обезбеди финале на турнирот во Париз. Двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис до осмиот гем кога Хуркач ја испушти првата брејк топка и поведе со 5:3. Во следниот гем Ѓоковиќ можеше да се врати во игра, но не искористи брејк-топка и полскиот тенисер го доби сетот со 6:3.




Многу подобра игра прикажа Ѓоковиќ во вториот сет кога не дозволи ниту еден гем на противникот и со три брејка дојде до 6:0.
Во вториот сет во најголем дел гледавме изедначена игра, па сетот влезе и во тај-брејк каде што Ѓоковиќ беше подобар со 7:5.
A well earned celebration 👏#RolexParisMasters | @DjokerNole pic.twitter.com/jJyZtw107o
— ROLEX PARIS MASTERS (@RolexPMasters) November 6, 2021