Легендарниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин денес го коментираше дербито на Манчестер кое заврши со победа на „граѓаните“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Манчестер Сити ја заврши работата само за едно полувреме и после првите 45 минути имаше предност од 0:2. На крајот тој резултат се покажа и како конечен. Сити доминираше во првиот дел и создаде повеќе прилики, додека Јунајтед скоро и да немаше 100% прилика во текот на целиот натпревар.




Рој Кин беше посебно лут на играта во одбраната и го истакна вториот гол кој го примија „ѓаволите“ кога Шо и Де Геа беа само „гледачи“.
„Погледнете ги Шо и Де Геа?! Со години сум лут на овие момци. Се откажувам! Ова се репрезентивци на своите држави. Не можам да разберам како се бранат“, изјави Кин.