Aлександар Зверев е последниот полуфиналист на Мастерсот во Париз. Зверев кој е еден од фаворитите го победи Каспер Руд со 2:0 во сетови (7:5, 6:4).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Норвежанецот се надигруваше достојно со еден од најдобрите тенисери во светот и достојно се прости со турнирот во француската престолнина. Во првиот сет одлично парираше се до самата завршница кога попушти неговата концентрација.
Во продолжение бркаше негатива, но не се откажа до самиот крај. На крајот пресуди квалитетот и искуството на Германецот. Во полуфиналето Зверев ќе се сретне со Данил Медведев, додека во второто играат Ѓоковиќ – Хуркач.