Напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ откако јавно потврди дека нема да го продолжи договорот со „виолетовите“ е на удар на навивачите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Влаховиќ има договор со Фиорентина до 2023 година, но откако одби да стане најплатен фудбалер во историјата на клубот, јасно е дека ќе биде продаден.
Поради лошиот однос со навивачите на Фиорентина, Влаховиќ може да го напушти клубот во зимскиот преоден рок, а клубот веќе ја постави цената.
Неколку европски гиганти се заинтересирани за неговиот потпис, а „волетовите“ за неговата слобода бараат 80 милиони евра.
Јувентус не може да си дозволи да ја плати таа сума во моментов, па многу поверојатно е напаѓачот да се пресели во Премиер лигата, каде главата битка за неговиот потпис ќе ја водат Манчестер Сити и Тотенхем.
Vlahovic sul mercato già a gennaio 👀
— Goal Italia (@GoalItalia) November 4, 2021
La Fiorentina chiede 80 milioni di euro 💰 https://t.co/0xdR5kYA8L