Дома Видео Лајпциг е во акција, а Нејмар си ги мести копачките 🎥

Лајпциг е во акција, а Нејмар си ги мести копачките 🎥

Фудбалерите на ПСЖ вчера на гости одиграа 2:2 против Лајпциг во натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите.

Парижаните не блескаа, а екипата на Покетино беше ослабена затоа што не можеше да смета на Лионел Меси. Домаќините поведоа уште во осмата минута со голот на Нкунку, но до крајот на првиот дел ПСЖ направи пресврт. Во центарот на вниманието се најде Вајналдум кој доби шанса од првата минута и постигна два гола.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


На мета на критики на навивачите на ПСЖ се најде Нејмар. Навивачите се посебно лути на неговото однесување во една ситуација кога си ги местеше копачките додека Лајпциг беше во акција. Бразилецот си застана на теренот како неговиот тим да има убедлива предност.

Во 92. минута Бразилецот се обиде и да му попречи на Собослаи при изведувањето на пеналот. Нејмар му дофрлуваше од страна, меѓутоа неговите зборови не влијаеа, па Лајцпиг дојде до изедначување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Анчелоти: “Нејмар има доволно време да се спреми за СП”

Селекторот на Бразил Карло Анчелоти изјави дека Нејмар сè уште е во конкуренција за играчи…