Дома Фудбал Лига на шампиони ЛШ: Ливерпул во едно полувреме го реши дербито, ПСЖ единствен „киксна“ од фаворитите! 🎥

ЛШ: Ливерпул во едно полувреме го реши дербито, ПСЖ единствен „киксна“ од фаворитите! 🎥

Вечерва се играа натпревари од четвртото коло во Лигата на шампионите.

Дербито се играше на „Енфилд“ каде што Ливерпул го пречека Атлетико. Избраниците на Клоп полесно од очекуваното ја завршија работата против гостите од Шпанија. 


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Жота го отвори резултатот после асистенцијата на Арнолд во 13. минута. Само осум минути подоцна Арнолд запиша нова асистенција, овој пат топката во мрежата ја смести Мане. Работата за Атлетико дополнително се влоши во 36. минута кога Фелипе заработи директен црвен картон. Од тој момент Ливерпул уште повеќе доминираше и се играше само пред голот на шпанскиот тим.

После едно такво полувреме беше јасно дека Атлетико нема што да бара и за втората позиција ќе се бори во следните натпревари. Ливерпул со оваа победа го обезбеди пласманот во следната фаза со 12 бода, додека за второто место ќе останат да се борат Порто (5), Атлетико (4) и Милан (1).

ПСЖ лошо започна, потоа направи пресврт, но сепак не успеа да дојде до победата. Нкунку уште во осмата минута ја погоди мрежата на Донарума. Само три минути подоцна Андре Силва имаше прилика од пенал да го зголеми водството, меѓутоа Донарума не дозволи по вторпат да ја вади топката од мрежата.

Пресвртот се случи уште до крајот на првото полувреме и тоа со двата гола на Вајналдум, прво во 21. минута, па во 39. Ако на почетокот на мечот Донарума одбрани пенал, тоа не му успеа во последните минути од натпреварот кога во судиското полувреме Соболсај го матираше за 2:2.

Манчестер Сити немаше проблеми против Клуб Бриж и обезбеди триумф од 3:1. Фоден го отвори резултатот после 15 минути игра, а само две минути подоцна Бриж стигна до изедначување со автоголот на Стоунс. Сепак, Сити не дозволи изненадување, па Марез, Стерлинг и Жесус во финишот ги поставија конечните 4:1.

Ситуацијата во оваа група: , Манчестер Сити (9), ПСЖ (8), Клуб Бриж (4), Лајпциг (1).

Шериф Тираспол како да нема сили повеќе да прикажува изненадувања во Лигата на шампионите. После двете стартни победи со Шахтјор и Реал, Интер два пати слави над молдавскиот претставник. Вечерва сосема заслужено тимот на Инзаги ги освои трите бода. „Нероаѕурите“ доминираа во текот на целиот натпревар головите ги постигнаа Брозовиќ, Скриниар и Санчез во второто полувреме. Шериф во последните минути дојде до почесен гол преку Траоре (3:1).

Ситуацијата во оваа група: Реал Мадрид (9), Интер (7), Шериф (6), Шахтјор (1).

Португалски Спортинг за едно полувреме ја заврши работата против Бешикташ. После првите 45 Спортинг обезбеди водство од 3:0 со головите на Педро Гонсалвеш (2) и Паулињо. Конечните 4:0 во вториот дел ги постави Сарабија.

Во вториот натпревар од оваа група Aјакс со 1:3 ја победи Борусија. Борусија преку Ројс дојде до водство, но Ајакс со головите на Тадиќ, Халер и Класен во второто полувреме успеа да дојде до трите бода и да го обезбеди пласманот во следната фаза. Треба да се спомене дека Хумелс во 29. минута заработи директен црвен картон.

Ситуацијата во оваа група: Ајакс (10), Борусија (7), Спортинг (6), Бешикташ (0).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…