Дома Фудбал Нагелсман: Нема потреба од споредба со Меси и Роналдо, Левандовски е најдобриот во светот

Нагелсман: Нема потреба од споредба со Меси и Роналдо, Левандовски е најдобриот во светот

Tренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман не штедеше пофални зборови за својот напаѓач Роберт Левандовски после мечот со Бенфика.

Полскиот голгетер постигна хет-трик и ја продолжи голгетерската серија. Поради добрата форма Левандовски е и еден од фаворитите за Златната топка.

„Нема потреба од споредба со Роналдо и Меси. Левандовски во овој момент е најдобриот напаѓач на светот и така ќе биде уште неколку сезони затоа што има одлична градба и однос каков што треба да има секој спортист. Голема предност за Левандовски е неговиот карактер, во овој момент е најдобриот во светот“, изјави Нагелсман.

Победникот во изборот за „Златната топка“ ќе биде познат на 29. ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два поништени гола и непробојна Фалк: Челси запрен во Шведска

Фудбалерките на Челси доминираа против Хекен, но останаа без погодок и одиграа 0-0 во Лига…