Дома Фудбал Англија Њукасл го избрал новиот тренер?

Њукасл го избрал новиот тренер?

Неодамна Њукасл го отпушти Стив Брус, а од тогаш клубот и понатаму е без менаџер, меѓутоа сега од Островот се тврди дека новите сопственици го избрале новиот предводник.

Според последните информации, Унаи Емери ќе биде новиот шеф на стручниот штаб на англискиот премиерлигаш. Во овој момент Емери го води Виљареал, а наводно шпанскиот клуб се согласил да го пушти Емери за шест милиони евра оштета.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


За Емери евентуалното преземање на Њукасл би било враќање во Премиер лигата каде што го водеше Арсенал со кој не се прослави.

Амбициите на Њукасл со новите сопственции се големи, меѓутоа првата задача на новиот стратег ќе биде да избори опстанок во Премиер лигата. Во овој момент тимот се наоѓа на претпоследното место на табелата и после 11 кола со четири освоени бодови и се уште чека на првата победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона има голем план: Може да доведе две ѕвезди за 200 милиони евра!

Барселона ова лето беше релативно мирна на трансфер пазарот кога станува збор за засилувањ…