Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристиано Роналдо ги повикал соиграчите на единство и поддршка за менаџерот Оле Гунер Солскјер.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Англиските медиуми пренесуваат дека Португалецот изјавил во соблекувалната дека секој играч, независно дали ја загубил довербата во Норвежанецот, треба да го даде максимумот од себе си на теренот и да му дава поддршка на тренерот.




И покрај сите шпекулации дека Солскјер може да добие отказ, се поизвесно е дека Норвежанецот ќе остане на клупата и ќе го води тимот на дербито со Тотенхем во недела.




Дел од играчите на Манчестер Јунајтед ја загубиле довербата во Солскјер, но Роналдо упатил апел до сите да го дадат максимумот и да се однесуваат професионално.