Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ има јасна ситуација пред почетокот на следниот грен слем, Австралија Опен кој е на програмата идниот месец.
Неговото учество, но и учеството на неколку други тенисери беше под голем знак прашалник. Сепак, сега премиерот на Австралија Скот Морисон изјави дека тенисерите кои не се вакцинирани ќе можат да настапат само ако поминат карантин од две недели.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Исти правила важат за сите, без разлика дали станува збор за победник на Грен слем, премиер, деловен патник, студент…“, порача Морисон.
Сега на Новак е да одлучи дали ќе оди две недели во карантин за да учествува на Австралија Опен.