Наби Кеита, кој одигра одличен меч против Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд избегнал тешка повреда, потврдија од Ливерпул.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
И покрај фактот што Кеита беше изнесен на носилки после грубиот старт од Погба, сепак деталните лекарски прегледи покажале дека не станува збор за тешка повреда.




Клоп откри дека очекува 26-годишниот играч за врска наскоро да се врати на терените, но не откри колку време ќе паузира.




Милнер, кој исто така беше повреден за време на дуелот со Манчестер Јунајте се очекува да се врати на терените после репрезентативната пауз. Додека Тиаго Алкантара исто така е блиску до враќање на терените.