Дома Топ вести ПСЖ спрема нова „бомба“, го сака Салах

ПСЖ спрема нова „бомба“, го сака Салах

Пари Сент Жермен има план како да го замени Килијан Мбапе, кој на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти клубот.

22-годишниот Французин одбива да го продолжи договорот и наводно веќе има договор со Реал Мадрид.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


ПСЖ како идеална замена за него го гледа Мохамед Салах од Ливерпул, пренесуваат француските медиуми.

Француските медиуми откриваат дека ПСЖ ова лето одбил да го пушти Мбапе, токму поради фактот што не успеале да го договорат Салах.

Египќанецот игра фантастична сезона, но се уште не може да се договори со Ливерпул за продолжување на соработката бидејќи бара да биде најплатен фудбалер во Премиер лигата.

ПСЖ нема да жали пари да го донесе во Париз бидејќи во него гледа идеална замена за Килијан Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…