Енис Барди после еден месец се врати на теренот и го одигра второто полувреме од гостувањето на Леванте кај Севиља.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Македонскиот репрезентативец паузираше поради повреди и истакна дека му било тешко да се врати на терените после долгата пауза.




„Ми беше малку тешко враќањето на терен. За секој играч толку долга пауза претставува проблем. Сега сум фокусиран на тоа да се вратам во форма и да му помогнам на тимот да се врати на победите“, рече Барди.




Леванте во следниот меч игра против шампионот Атлетико Мадрид, па Барди очелува тежок меч.




„Секој меч е посебен, и има свое значење. На секој меч треба да се даде максимум, а ќе видиме ние како ќе одиграме токму против овој ривал“, истакна Барди за клупскиот канал.