Дома Трансфер зона Арсенал тргнува по напаѓачот на Лајпциг

Арсенал тргнува по напаѓачот на Лајпциг

Арсенал покажува сериозен интерес за напаѓачот на Лајпциг, Кристофер Нкунку, пренесуваат медиумите на Островот.

23-годишниот Французин игра одлично оваа сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нкунку од почетокот на сезоната има постигнато 9 гола и 5 асистенции на 13 меча за Лајпциг.

Нкунку е дете на ПСЖ и пристигна во Лајпциг во 2019 година, каде има договор на уште три години.

Арсенал во него гледа идеално засилување во нападот, каде на лето најверојатно ќе остане без Лаказет.

Меѓутоа, „топџиите“ ќе треба да ја победат силната конкуренција, а цената на напаѓачот секојдневно расте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Готово: Барселона договори светски шампион, пристигнува бесплатно!

Според последните информации, Барселона успеала да постигне договор во летниот преоден рок…