Дома Македонски спорт Мак ракомет Вујовиќ: Сакам Кил да дојде во најсилен состав за Вардар да го покаже квалитетот

Вујовиќ: Сакам Кил да дојде во најсилен состав за Вардар да го покаже квалитетот

Вардар влезе во една мини црна серија од два порази во Лигата на шампионите против Монпелје и Алборг, а сега пред црвено-црните е уште еден меч со квалитетен противник.

Во Скопје во среда ќе гостува Кил.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


„Кил ќе дојде тука не во најдобра форма, а има и некои играчи кои нема да бидат во составот. Јас би сакал да дојдат во полн состав за Вардар да го покаже квалитетот. Не сакам да бидеме тим кој победува само во моментите на инспирација понесен од добрата атмосфера, треба да победуваме и кога не играме најдобро. Ме радува што имаме простор за напредок и подобрување“

„Ќе играме против скап тим, сите играчи се репрезентативци на своите земји и се актуелни шампион во бундеслигата. Меѓутоа Вардар со својата историја не смее да си дозволи да врзе неколку порази, мораме да ја прекинеме таа црна серија“, изјави Вујовиќ.

Фото: РК Вардар1961 / Денис Дуковски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…