Победа и Слога Виница се нови лидери во Втората лига – Исток.
Со победи во осмото коло го искористија киксот на Каменица Саса која беше поразена од Братство 07 со 2:1. До победата тимот на Братство дојде со голот во 88. минута на Самир Каршишиќ.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Победа успеа минимално да слави против Детони јуниор. Решавачкиот гол на натпреварот беше дело на Дарко Анѓелески во 63. минута.
Слога Виница со 2:1 го доби Кожув. Набризна домаќините во 4. и 7. минуте преку Иван Митров и автоголот на Кратов дојдоа до 2:0. Петров го ублажи поразот за гостите.
Кит-Го дојде до убелдива победа од 0:3 кај Осогово во Кочани. За Кит-Го два гола постигна Зоран Андов, а еден беше автогол на Спировски.
ВМФЛ – ИСТОК
Братство 07 – Каменица Саса 2-1
Слога Виница – Кожуф 2-1
Осогово – Кит Го 0-3
Локомотива – Беласица 0-2
Победа – Детонит јуниор 1-0