Дома Останати Кошарка Најава за револуција во кошарката: Ќе се формира европска НБА?!

Најава за револуција во кошарката: Ќе се формира европска НБА?!

Шпанска „Марка“ пренесува екскулзивни информации.

Имено, НБА лигата решила да се прошири и во Европа, според информациите на „Марка“ се планира во соработка со ФИБА да се формира еворпски крило, тоа веројатно би го загрозило функционирањето на Евролигата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Истиот извор наведува дека двете страни се блиску до договор и ако ова се случи тоа сигурно би било една од најголемите промени воведени во кошѓарката. Се додава дека ако НБА се прашува ова натпреварување би тргнало уште од наредната сезона.

Овој проект потсетува на Европската Супер лига чиј концепт не заживеа во фудбалот. Адам Силвер од НБА веќе го известил првиот човек на Евролигата, Жорди Бартомеу и во писмото истакнал намера најголемите европски клубови да се натпреваруваат во новиот формат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Неверојатен трипл-дабл на Јокиќ. Пред него останува само еден

НИКОЛА ЈОКИЌ продолжи со извонредна форма при домашната победа на Денвер Нагетс против Јут…