Неколку италијански клубови ја започнаа битката за напаѓачот на Арсенал, Александар Лаказет.




Французинот влезе во последната година од догогорот и Арсенал и двете страни се далеку од продолжување на соработката.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Заинтересираните клубови сакаат да го донесат Лаказет без обештетување и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.




Најсилен интерес за него покажуваат италијанските гиганти Наполи и Јувентус, па најверојатно Французинот ќе ја продолжи кариерата во Серија А.




Напаѓачот е спремен да прифати помала плата за да се пресели во Серија А, а менаџерот на Арсенал Артета не ја исклучи можноста Французинот да си замине на крајот на сезоната.