Дома Тенис Медведев пропушти шанса да го симне Гоковиќ од врвот

Медведев пропушти шанса да го симне Гоковиќ од врвот

Григор Димитров го креираше еден од најголемите пресврти во тенисот оваа сезона, го совлада Данил Медведев со 4-6, 6-4 и 6-3 и се за првпат во својата кариера се пласираше во четвртфиналето на Индијан Велс.

Ова значи дека освојувачот на последниот Гренд слем нема да го стигне Новак Ѓоковиќ на АТП листата. Медведев имаше шанса со триумф на овој Мастерс од серијата 1000 да го стигне Србинот на рангирањето на АТП.

Медведев со брејк на старт на мечот го доби првиот сет, а во вториот поведе со 4 : 1. Димитров потоа освои 8 гемови по ред, односно 11 од вкупно следните 15 и го исфрли најголемиот фаворит на турнирот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Од светскиот тениски врв до помош од пријателите: Тешките денови на Санчез Викарио

Аранча Санчез Викарио заработила околу 17 милиони евра во кариерата, но денес вели дека за…