Јувентус вечерва го пречекува Челзи во дуел од Лигата на шампиони.
Најголемата опасност за „старата дама“ секако доаѓа од Ромелу Лукаку, но Бонучи вели дека знае како да го запре Белгиецот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ромелу веќе се докажа како врвен напаѓач. Тој е некој кој сам може да добие натпревар. Кога играш против него треба да бидеш 100% сконцентриран во текот на цел меч. За жал ние дефанзивците не треба да го испуштиме од вид ни 10 секунди, бидејќи тие секунди можат да се покажат како фатални. Не треба никогаш да влегуваш во физички дуел со Лукаку, но треба да бидеш блиску до него“, изјави Бонучи.
Италијанскиот дефанзивец одлично го познава Лукаку бидејќи Белгиецот изминатите две години играше во Серија А.