Натпреварите во Ла Лига веќе можат да се играат пред полни стадиони, откако Минстерството за здравство во Шпанија даде зелено светло.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сезоната започна со ограничен капацитет на стадионите од 40% поради пандемијата, а во септември капацитетот се зголеми на 60%.




Од петок, 1 октомври стадионите во Примера можат да бидат со полн капацитет, но треба да добијат одобрение од локалните власти во зависност од регионот.




Остануваат на сила ограничувањата со задолжително носење маска и во стадионите се влегува со сертификат за вакцинација или негативен тест.