Дома Фудбал Лига на шампиони Аталанта – Јанг Бојс: Домаќинот е фаворит, но швајцарците можат повторно да изненадат

Аталанта – Јанг Бојс: Домаќинот е фаворит, но швајцарците можат повторно да изненадат

Аутсајдерот од групата Ф, Јанг Бојс се надева дека ќе ја продолжи бајката по онаа победа во првото коло во Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед со уште три бода, кога во среда вечер гостува кај Аталанта.

Двете екипи никогаш порано не се соочиле на големо европско натпреварување, а Аталанта е петтата италијанска екипа со која ќе се соочи Јанг Бојс по Јувентус, Наполи, Удинезе и Рома.

Аталанта ја крева својата форма


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


По неконзистентниот почеток во домашниот шампионат, Аталанта обезбеди два нерешени резултати и две победи во последните четири натпревари во сите натпреварувања, собирајќи седум бода од последните три настапи во Серија А.

Две победи со еден гол разлика против Салернитана и Сасуоло беа проследени со нерешен резултат 2:2 на гостувањето против носителот на Скудетото, Интер, минатиот викенд.

Аталанта – која сега се наоѓа на седмото место во Серија А, еден бод зад првите четири и седум бода зад лидерот во лигата Наполи – сега го сврте вниманието кон Лигата на шампионите, во својот само трет настап во ова натпреварување во својата историја.

Откако претрпе три последователни порази во првите три натпревари од групната фаза во Лигата на шампионите во сезоната 2019-20, Ла Деа оттогаш загуби само еден од последните 10 натпревари во групната фаза, домашен пораз од 5:0 против Ливерпул во ноември 2020 година.

Во првото коло Аталанта одигра нерешено 2:2 кај Виљареал во Шпанија во еден од поинтересните дуели и сега се надеваат на прва победа сезонава во елитното европско натпреварување.

Јанг Бојс ужива сезонава

Откако Јанг Бојс ја освои својата 15 -та титула во домашниот шампионат сезона минатата сезона, швајцарската екипа уживаше во брилијантен почеток на новата сезона, губејќи само еден од 16 -те натпревари во сите натпреварувања.

Момците на Дејвид Вагнер беа огромни аутсајдери против гигантот од Премиер лигата, Манчестер Јунајтед, кога двете екипи вкрстија на почетокот на овој месец, но сепак ги изненадија сите со тоа што извојуваа победа од 2:1 на домашен терен.

Кристијано Роналдо го отвори резултатот во 13-тата минута пред Арон Ван-Бисака да добие директен црвен картон, што во второто полувреме екипа на Јанг Бојс знаеше како да го искористи со головите на Нгамалеу и Сиебатчеу дури во 95-та минута.

Од тој славен триумф, тимот на Вагнер победи на секој од последните три натпревари, постигнувајќи 15 гола во тој процес. Секако, нивниот дух е моментално висок и дефинитивно тој морал и таа самодоверба може д аим донесе многу на дуелот со Аталанта.

Уште една изненадувачка победа во Бергамо ќе доведе до тоа швајцарскиот тим да остане на врвот во групата Ф и да биде во силна позиција да стигне до нокаут фазата за прв пат во нивната историја. Но проблем ќе биде тоа што менаџерот нема д аможе да смета на неколку стандардни првотимци поради повреди како Фаснахт и Зесигер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Новинар на „Марка“ го откри планот на Модриќ – може да се случи пресврт!

Кога Лука Модриќ во јули оваа година го продолжи договорот со Реал Мадрид за уште една сез…