ПСЖ вчера славеше против Манчестер Сити со 2:0, а првиот гол во дресот на „светците“ го постигна Лионел Меси.




Аргентинецот го постигна вториот гол, претходно стрелаше Гаје. Меси се уште ја учи играта на тимот и верува дека од натпревар во натпревар ќе бидат се подобри.




ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*
„Го сакав ова, во изминатиот период не играв многу. Се уште го учам тимот и моите соиграчи малку по малку. Знам дека ова беше важен момент. Треба да породолжиме, има уште многу натпревари оваа сезона. Колку повеќе играме заедно Нејмар, Мбапе и јас толку подобри ќе бидеме“, изјави Меси.




Со вчерашната победа ПСЖ дојде четири бода во Лигата на шампионите, во претходното коло одиграа реми со Клуб Бриж.