Лионел Меси ги пропушти претходните двa натпревари на ПСЖ поради повредата на коленото.
Меси не тренираше во претходните две недели со екипата, Покетино не можеше да смета на него во натпреварите од Лига 1 против Мец и Монпелје. Парижаните веќе утре ги чека големото дерби во Лигата на шампионите против Манчестер Сити во рамките од второт около.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најавите претходно беа дека Меси нема да биде спремен за овој натпревар, но сега од таборот на ПСЖ пристигнаа добри вести. ПСЖ објави дека Меси се враќа во тимот и утрово одработил цел тренинг со екипата без проблеми.
Сега дилемата е само дали Покетино ќе го игра од првата минута или натпреварот ќе го започне претпазливо од клупата.
🔛 @ChampionsLeague #UCL pic.twitter.com/21d7J7fDve
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) September 27, 2021