Претседателот на Рома, Џејмс Палота изнесе оштри критики за трансфер пазарот на Милан и изјави дека „росонерите“ потполно полуделе.
Палота вели дека тоа што се случува во Милан едноставно не може да си го објасни, како е можно „росонерите“ да имаат толку пари на располагање и зошто всушност случи Финансискиот фер-плеј на УЕФА.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Според мене УЕФА и нејзиниот Финансиски фер-плеј се потпилно страње. Рома е пример како треба да се однесува еден клуб кога ќе ги промени сопствениците. Што се однесува до Милан, не знам што се случува таму. Тоа едноставно нема логика, тоа што го прави Милан е потполна лудост. Јас не можам да разберам, како луѓето кои немаа пари да го купат клубот, па позајмуваа од Лондон, сега трошат толку пари на трансфер пазарот“, истакна Палота и додаде:
„Во Милан тврдат дека целта е излез во Лигата на шампиони, но тоа нема да биде доволно. Тие се единствениот клуб во Серија А кој потполно полуде. Можеби во Милан имаат некој голем план за кој ќе разбереме подоцна, но во моментов не можам да ги разберам“.
Во Милан потврдеа дека оваа година клубот не е под финансиска контрола на УЕФА бидејќи во изминатите три години не играше во европските натпреварувања, и дека од следното лето ќе потпише договор со УЕФА за финансиски фер-плеј.
„Росонерите“ во овој преоден рок потрошија повеќе од 200 милиони евра на засилување, а до крајот на преодниот рок имаат во план да донесат уште тројца фудбалери.